Синоќа во 20 часот и 30 минути Меѓународниот аеродром Скопје беше „вриеше“ од граѓани. Ги чекаа своите блиски од Кабул. 31 државјанин на Македонија кои работеа во Авганистан се вратија живи и здрави во својата татковина.
Семејствата со нетрпение ги чекаа да ги прегрнат…
По повлекувањето на трупите на НАТО во Авганистан, нашите државјани биле затворени во база и немале директен контакт со она што се случува во градот.
„Не бевме вознемирени, бидејќи знаевме во каква зона работиме и живееме“.
„Семејствата беа загрижени, што е нормално“.
Еден родител раскажа колку им било тешко кога дознале дека Талибанците ја презеле контролата во Авганистан.
„Да, многу. Не беше лесно. Фала му на Бога имаше интернет и постојано комунициравме“, посочи граѓанин.
Од Кабул преку Доха и Истанбул па до Скопје била рутата на нашинците кои пристигнаа синоќа. Транспорт до Македонија чекаат уште 58 лица. 32 од нив се наоѓаат во Лондон, 11 во Катар, а 7 во моментов се во Осло.
