На граничниот премин „Богородица“, времето на чекање за излез од Македонија денеска претпладне изнесува од 15 до 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјата, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива без проблеми, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од населените места е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодување на брзината, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ долините, покрај речните текови и во клисурите, каде што постои можност за одрони на земја и камења.
Ова особено се однесува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
