Сомнително возило во трговски центар го „крена“ Њујорк на нозе (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американската полиција затвори неколку блокови околу трговскиот центар „Квинс плејс“ во Њујорк, поради сомнително возило.

Дојавата дека возиолото наводно било полно со експлозив, стигнала во 8:30 часот по локално време, а набрзо потоа пристигнал одред за деактивација, и дошле до сознание дека експлозив нема, пренесува Ен-Би-Си.

И понатаму има препорака граѓаните да го избегнуваат ова подрачје.

Американските медиуми пренесуваат дека станува збор за возило на „Тесла“ со украдени регистарски таблички, а она што предизвикало вознемиреност е мала конзерва која била закачена на автомобилот.

Полицијата трага по возачот.