Сончево и топло, температури до 37 степени, во текот на некои места ноќта пороен дожд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина над 70 км /час). Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а
максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 34 степени.