Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер во источните делови од југозападен, a во западните делови од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
