Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
