Сончево со мала до умерена облачност – температурите до 21 степени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сончево со мала до умерена облачност поголема во претпладневните часови и претежно во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степена.

Во Скопје, ведро со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер кој краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степени.

До четврток претпладне ќе има краткотрајно стабилизирање на времето. Под влијание на нов влажен бран од четврток во текот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и во петок преку денот.