Сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно
од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната
ќе достигне до 27 степени.
