Сончево со умерена облачност, попладне претежно во северените делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Поварадарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната од 23 до 32 степена.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне умерено до значително облачно со краткотраен дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.
