Самостојниот синдикат за образование и наука и култура, пред зградата на Министерството за труд и социјална политика дојде да го искаже својот револт и своето незадоволство. Причина, како што велат, е политиката што ја креира министерството и некои државни службеници во министерството во однос на еднострано прекршување на колективниот договор за детска заштита и Законот за детска заштита. Синдикатот реагира на промента на работното време со насоки за негово зголемување за вработените во градинките
Бараме од директорите на установите да ги „преиначат решенијата кој што ги издале до вработените за да се врати старото работно време од шест и седум часа за овој персонал. Бараме од трудовата инспекција да влезе во градинките да испитраат дали имаат безбедни услови за работа. Бараме од трудовата инспекција да констатира дали има потпишано изјава од директорите за безбедност и здравје при работа“, истакна Јаким Неделков.
Прашана за дали има допис од Министерството за промена на работно време со насоки за зголемување на работното време за вработените во градинките, Министерката Јагода Шахпаска одговори
„Како министерка за труд и социјална политика одговорно тврдам дека не се работи за никакво кршење на работничките права во државата, вклучително и на вработените во градинките. Се работи согласно законот и согласно колективниот договор. Нас основна цел во периодов кога целиот свет се соочува со пандемијата од ковид 19 и нас како држава ни е да се грижиме за безбеден престој на најмладите во градинките“, додава Јагода Шахпаска.
Таа потенцираше дека директорите на градинките го организираат работното време на своите вработени и сето тоа е согласно закон и колективен договор.
