СОНК со повик до директорите и работниците – да не ги прифаќаат новите решенија за пресметка на плата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Наделков ги повика директорите да не постапуваат по новите упатства на Министерството за култура и вработените да не ги прифаќаат новите решенија за пресметување на платите што им се доставуваат од вчера. Воедно, предупредува дека ќе ги обжалат доколку бидат потпишани.

Неделков предлага зголемување на коефициентот на сложеност по работно место за 10%, а дополнителни 0,7 % преку заеднички колективен договор, како системско решение за оние на кои им доцни мартовската плата.

А, работниците во култура не се единствените кои се уште не ги добиле мартовските плати. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов посочи дека во некои јавни институции работниците се уште чекаат плата.

Трендафилов нагласува дека Владата и работодавачите одбиваат да ги зголемат платите и најави протест за 1 мај. Тој апелираше Владата да се држи до договореното, бидејќи работничките тужби и пресудите, како што рече, многу ќе го чинат државниот буџет.