Сонувал да биде стоматолог, па се посветил на фудбалот – сега е на „мета“ на гигантите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ неодамна се прослави со „хет-трик“ над Беневенто во Серија „А“ во победата од 4:1. 

Влаховиќ моментално е на мета на Милан и се шпекулира дека на лето би можел да се пресели на „Сан Сиро“.

Сепак, „Росонерите“ ќе имаат конкуренција со оглед дека за него се заинтересирани неколку други клубови. 

„Како дете сакав да бидат стоматолог. Мојата мајка е стоматолог и сакав да бидам како неа. Но, кога се приклучив во Партизан, морав да се откажам од мојот сон и да се посветам на фудбалот“, рече Влаховиќ.