Доследното применување на законската регулатива и меѓународните стандарди за финансиско известување беа во центарот на вниманието на новата серија средби помеѓу раководството на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и сметководителите од целата држава. Настаните, организирани за да се поттикне континуирано стручно усовршување, исто така обезбедија платформа за дискусии за подобрување на стандардите и професионалниот интегритет во сметководствената професија.
Серијата средби беше искористена за анкетирање на сметководителите за цените на услугите и платите во секторот, со цел понатамошно креирање на препораки за одржлив развој на професијата. Весна Прентоска, претседател на ИСОС, изрази задоволство од активното учество и конструктивните предлози на членовите, нагласувајќи дека оваа иницијатива допринесува кон зголемување на угледот и значењето на сметководствената професија во државата.
