Сопругата на Асад побарала развод: „Не можам да живеам вака“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Асма ал Асад, сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, поднела барање за развод, пишуваат турските и арапските медиуми. Тие наведуваат дека таа е незадоволна од животот во Москва и наводно сака да се пресели во Лондон. 

Асма е двојна британско-сириска државјанка која е родена и израсната во Лондон. Асма се преселила во Сирија во 2000 година и се омажила за Асад истата година, на 25-годишна возраст. Сега таа се обрати до рускиот суд и побара посебна дозвола да ја напушти Москва. Нејзината апликација моментално ја оценуваат руските власти.

Башар ал Асад, наводно, се уште е под строги ограничувања. Нему не му е дозволено да ја напушти Москва или да се занимава со какви било политички активности. Руските власти го замрзнаа и неговиот имот и пари. Неговиот имот вклучува 270 килограми злато, 2 милијарди долари и 18 станови во Москва.

Руските власти ги демантираа написите, и истакнаа дека Асма не побарала развод.