Сопственикот ги откри причините за пожарот – Пожарот во Тетово изгаснат, но се шири непријатен мирис

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И денеска црн чад се креваше од фабриката во која вчера избувна пожар. Иако пожарот е изгаснат, сепак низ градот се шири тежок и непријател мирис. Но, која е причината за пожарот? Сопственикот на компанијата смета дека огнената стихија е резултат на поплавите од пред еден ден.

-Им благодарам на сите граѓани што ни помогнаа, на градоначалникот на општината, и министерот беше тука, на сите, бидејќи тука дојдоа со хеликоптери со цел да го изгаснеме. На Албанците, на Македонците, благодарност до сите.
Од водата вчера, машините се запалија поради тоа, вели сопственикот.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, вели дека оваа несреќа нѐ научила дека треба да бидеме заедно и обединети во вакви ситуации.

-Овој случај всушност треба да биде лекција за сите. И во време кога треба да се прават инвестиции, но и во вакви случаи да бидеме сите заедно, вели Битиќи.
Министерот за животна средина пак, Насер Нуредини смета дека овој случај ја покажал соработката меѓу централната и локалната власт.

-Се случи несреќа. Добро е што државните и локалните институции соработуваат за ситуацијата да биде под контрола. Владата ќе даде поддршка на сите можни начини, како што рече и мојот колега важно е што вредностите на воздухот се во нормални граници. Како што кажа и градоначалникот на општината, ќе продолжиме да ги информираме граѓаните доколку дојде до промена на вредностите на квалитетот на воздухот, вели Нудеридни.


Од Обвинителството велат дека ќе отворат истрага откако пожарот ќе биде изгаснат целосно.