Соседните држави со полициски час – Филипче убеден дека новите мерки ќе дадат резултати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека нема потреба од полициски час и убеден дека новите мерки ќе дадат резултати.

За разлика од Македонија, синоќа во Албанија започна полициски час. Од 22 часот започна ограничувањето за движење и трае до 6 часот изутрина. Инаку улиците во Тирана се речиси празни,  а ретко може да се види некое возило кое сообраќа поради работа или одредена итна ситуација.

„Полицијата во Тирана започна со спроведување на нормативниот акт за затворање на сите активности и движење на граѓаните по 22 часот. Сите услуги се преполовени и има 13 контролни пункта за влез и излез“, посочи Димитраќ Зиу.

И во Косово почна да се спроведува полицискиот час во главниот град и во неколкуте од критичните градови. Полицискиот час почнува во 19 часот а завршува во 05 часот наутро.

Градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, реагираше повторно за мерките за ограничување кои ги донесе Владата за справување со Ковид-19.

„Доколку си од Качаник, можете да одите во Скопје, но не и во Приштина (по 19 часот). Надворешните граници се поотворени отколку „внатрешните“. Македонија вчера имаше 1318 случаи со Ковид-19“, додава Шпенд Ахмети.

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека нема потреба да се воведе полициски час кај нас и е убеден дека новите мерки ќе дадат резултат.

И јужниот сосед, Грција, ќе воведе полициски час. Движењето на граѓаните е забрането во целата земја во текот на вечерните часови, поконкретно по 21 часот до 5 наутро.