Оваа топла приказна доаѓа од ледениот Сибир. Роми, четиригодишен маламут и 10-месечната мечка Андрејка, се неразделни пријатели.
Имено, Андрејка била спасена откако останала сама во дивината, а потоа ја донеле во сибирската зоолошка градина, во многу лоша состојба. Таму го запознала Роми и дружејќи се со него, ја повратила својата сила.
Кога ќе порасне доволно, Андрејка ќе биде вратена во дивината, а пред тоа, таа ќе има многу време да се забавува и да си игра со својот најдобар пријател.
