Состојба по обилните врнежи: Поплави во Демир Хисар, затворен локален пат, стабилно во поголем дел од земјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Состојба по обилните врнежи до 19:00 часот

Битолски регион

На подрачјето на Општина Демир Хисар се евидентирани заезерени површини на земјоделско земјиште во атарите на селата Граиште, Бараково, Единаковци, Света и Жван.

Локалниот пат кон с. Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост, предизвикано од реката Боишка.

Скопски регион

До овој момент не се пристигнати пријави за нарушување на редовноста поврзани со последните врнежи. Состојбата се следи и е стабилна.

Охридски регион

На подрачјата на општините кои ги покрива РЦУК Охрид состојбата е смирена.

Кичевски регион

Во текот на денот се вршеше расчистување на последиците од поплавите на ул. Прилепска со механизација и човечки ресурси од ЈП Комуналец Кичево, Армија на Република Северна Македонија (касарна Кичево), волонтери од Црвен Крст ОО Кичево и месното население.

Евакуираните лица сè уште се сместени во салата Христо Узунов, каде им се обезбедува храна и лекови. Од утре, 13.01.2026 година, се планира дезинфекција на куќите на ул. Прилепска и постепено враќање на раселените лица во нивните домови.

Велешки регион

Нема нарушување на редовната состојба, освен едно јавување преку Е-112 за помали одрони на патниот правец Скопје – Велес.

Известена е Македонија пат, која најави интервенција на дежурна екипа.

Кумановски регион

Во Крива Паланка, ЈП Комуналец Крива Паланка расчистува одрон кај Градскиот стадион (настанат на 11.01.2026).

Во тек е чистење на терминалот на ГП Деве Баир, како и расчистување и посолување на локалните патишта кон селата Кркља, Трново и Подржи Коњ.
Секцијата Македонија пат – Крива Паланка информира дека сите патни правци се проодни, чисти и опесочени. Со механизација се работи на регионалниот пат П’клиште – Герман, кој е прооден во зимски услови. Секцијата Македонија пат – Страцин известува дека сите патишта се проодни и чисти, освен делницата од с. П’клиште до с. Ѓерман, за која е испратен дополнителен камион за расчистување.

Тетовски регион

Во с. Зубовце (Општина Врапчиште) патот е прооден, но поради замрзнат коловоз на околу 2 км движењето е отежнато. Најавена е интервенција во текот на утрешниот ден.

Во с. Сенце (Општина Маврово) нема снабдување со електрична енергија поради падната бандера. Известена е ЕВН – секција Гостивар.

Струмички регион

Нема пријави за направени штети од врнежите од дожд. Не постои опасност од излевање на реките, ниту се евидентирани одрони или непроодни патишта.

Штипски регион

На териториите под надлежност на РЦУК Штип не се евидентирани нарушувања на редовните состојби предизвикани од обилните врнежи од дожд и снег.