Состојбата на Папата стабилна, но и натаму критична

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Папата Франциско помина мирна ноќ, неговата состојба и понатаму е критична, но стабилна, соопшти денеска Ватикан.

Папата Франциско добро ја помина ноќта и сега се одмара, пренесува Vatican News, повикувајќи се на соопштение од прес-службата на Светата столица во средата наутро.

Во вторникот вечерта беше објавено дека поглаварот на Римокатоличката црква е во критична, но стабилна состојба, без акутни респираторни епизоди.

На папата во текот на вечерта му беше извршена закажана КТ скен, за радиолошки мониторинг на билатерална пневмонија, а прогнозата е претпазлива.

„Ватикан њуз“ објави дека верниците двапати дневно се информираат за здравствената состојба на папата, откако тој во петокот, 14 февруари, беше примен во римска болница поради напад на бронхитис.

Тој во моментов се лекува од билатерална пневмонија, а здравствениот извештај минатата недела исто така покажа дека папата Франциско покажува знаци на блага бубрежна инсуфициенција, која е под контрола.