Состојбата на пациентите од пожарот е стабилна – 101 повредени се третираат во странство, додека 75 во домашните болници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека состојбата на пациентите од пожарот што избувна во Кочани е релативно стабилна. Додаде дека од вкупно 178 повредени, 64 се лекуваат во јавните здравствени установи во земјава, 13 пациенти во приватните болници и 101 пациент се лекуваат во странски медицински центри.

„Во моментов кај нас се лекуваат околу 75 пациенти, 65 се во државни и 12-13 се сместени во приватните клиники. 101 пациент се во странство. По состанокот на кризниот штаб утринава, констатиравме дека сите пациенти за среќа се во релативно стабилна состојба, се надевам и се молам дел од нив полека да ги пуштиме дома. Денеска од Клиничкиот центар дома ќе бидат отпуштени 3 пациенти, денеска ќе се изврши последниот трансфер“, вели Арбен Таравари.

Во градската општа болница „8 септември“ во моментов има 15 повредени во трагичниот пожар во Кочани.  Сe планира 3 да се пренесат во странство.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, рече дека пациентите со потешки изгореници продолжуваат да се испраќаат во специјализирани болници во странство, а бројот на земји каде се третираат може да се зголеми од 12 на 14.

Клековски исто така изјави дека натамошните фази се поспецифични и бараат искуство, затоа како што додаде одлучиле пациентите да ги испраќаат во странство.