Опаѓа бројот на хоспитализирани во болницата во Гостивар. Денеска екипа на ТВ21 беше таму. Лекарот Ратко Наумоски рече дека во одделот за заразни болести има 14 пациенти а во модуларната болница само тројца.
Според Наумовски се додека не стигне наредба од МЗ, модуларната болница не може да се затвори. По трагичниот настан во Тетово, во оваа болница, пациентите воопшто не биле загрижени дека нешто може да им се случи.
Бројките почнаа да опаѓаат и во клиничката болница во Тетово. Во моментов таму има 28 пациенти со ковид 19 кои се на кислородна терапија. Бројот на оние кои побарале помош е 29.
