Сотирова-Бухова: Во земјава има повеќе од 40 кластери – мекици во Охрид, слава во Ресен, свадба во Скопје, ифтари и погреби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во целата земја има 40 кластери на коронавирус, а само во Скопје има 20, рече директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова, дополнувајќи дека сите кластери се после 24 мај кога беа олабавени мерките и отворени угостителските објекти.

Бухова рече дека голем дел од овие кластери не сакаат да ги дадат контактите, и кажуваат грешни податоци.

„Од 24 мај кога се олабавени рестриктивните мерки се зголемува бројот на позитивни пациенти и тоа е поради нашето однесување изминатиот период. Во цела земја имаме повеќе од 40 големи кластери, а само во Скопје се 20. Тоа се кластери мекици во Охрид , слава во Ресен, свадба во Скопје, ифтарски вечери и масовни погреби“, рече Сотирова-Бухова и рече дека полицијата требала сите овие големи прослави да ги спречи.

Од свадбата во Скопје досега се позитивни 14 лица, но никој не сака да даде контакти со кои лица биле на веселбата. Дополни дека на свадбата имало 100 гости, а инспекторатот немал ниту еден контакт, а тие кои се познати, одбиваат да потпишат решение за самоизолација.