Советот на ЕУ одобри втора исплата на Украина од преку 4,2 милијарди евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советот на ЕУ денеска ја одобри втората редовна исплата на грантови и заеми за Украина, што значи дека оваа земја наскоро ќе добие повеќе од 4,2 милиони евра од фондовите на ЕУ.

„Украина наскоро ќе добие повеќе од 4,2 милијарди евра средства откако Советот на ЕУ даде зелено светло за втората редовна исплата на грантови и заеми во рамките на Инструментот на ЕУ за Украина за поддршка на макрофинансиската стабилност на Украина и функционирањето на нејзината јавна администрација. “ се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Во одлуката усвоена денеска, Советот заклучи дека Украина ги исполнила неопходните услови и реформи предвидени во украинскиот план за добивање средства, кои ќе бидат исплатени од Инструментот за Украина.