Советот на Град Скопје го изгласа предлог-буџетот за наредната година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советот на Град Скопје со 28 гласа „за“ и два „против“ на денешната седница го донесе буџетот на Град Скопје за 2025 година.

За Предлог-буџетот беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии, а по координацијата на советничките групи со претседателот на Советот Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска дел од амандманите беа самостојно повлечени од предлагачите, а дел одбиени поради технички неправилности. 

Предложениот Буџет на Град Скопје  изнесува 140 милиони евра.

На седницата беше донесен и Планот на програми за развој за 2025 – 2027 година. Овој  план, како што образложи Јулијана Тасиќ од секторот за финансии на Градот, претставува среднорочен приказ на програмите кои што се наменети за развој на инвестиции за посочениот период.

На дневниот ред за денешната седница на Советот има околу 40 точки. Меѓу последните на дневиот ред е и точката со која се бара цената по изминат километар на приватните превозници да се зголеми за 20 денари.