1800 лица чекаат одлука од Агенцијата за национална безбедност да им се издаде или пак одземеме државјанство, вели првиот човек Виктор Димовски на брифинг со новинарите.
Во споредба со работата на на УБК, сега се вршат речиси двојно повеќе проверки, а планот е до крајот на годината да бидат обработени сите.
Главен предизвик и завршување на т.н реформа во безбедносниот систем ќе биде промена на локацијата на агенцијата и целосна независност во работата. Но за тоа, потребни се посебни безбедносни подготовки и финансии.
„Она што ни преостана, едно од најважните прашања на просторното дислоцирање на Агенцијата, останува како наша обврска наредниот период и во тој контекст очекуваме поддршка од сите институции во државата, а пред се од Владата“, посочи Виктор Димовски.
Формирањето на агенцијата за Заев е последен чекор во реформата во безбедносниот сектор во нашата држава, потенцирајќи дека во минатото за поединечни, лични и групни интереси УБК била злоупотребувана.
„Со владините реформи во системот во безбедносните служби, претходно како што знаете ја оформивме оперативно-техничката агенција со што го разбивме монополот, односно концентрацијата на моќта која што поранешната УБК ја имаше на системот за следење на комуникациите со кои беа направени сериозни злоупотреби и упади во приватноста кај граѓаните“, порача Зоран Заев.
Заев не открива дали Верушевски ќе биде старо-нов советник во областа за национална безбедност на премиерот.
АНБ моментално се потпира на работа на базите од Министерството за внатрешни работи, а реализирани се и нови вработувања. По членството во НАТО Алијансата прилагодена е и работата според нивните стандарди, а додаваат дека нема големи безбедносни закани кон нашата држава, бидејќи во најголем дел, нашите соседи се дел од Алијансата.
Потпишани се и договори за соработка со универзитети во Скопје и Битола, за најдобрите 30 студенти да бидат вработувани во Агенцијата.
