Никола Глигоров и Ивица Поцков од Свети Никола создале мобилен уред наречен „УВ ГУАРД“.
Целта е – да се дезинфицира просторот за да ги уништи микроорганизмите или вирусите, вклучувајќи го и Ковид-19.
Со овој апарат, Глигоров и Поцков се надеваат дека ќе помогнат и во борбата против коронавирусот.
Има батерија која може повторно да се полни и тоа според креаторите создава можност за дезинфекција на простор каде нема електрична инсталација. Уредот зрачи 650 степени околу него. Ова значи дека зраците се големи и зафаќаат голема површина.
УВ зраците се штетни доколку зрачат во болнички услови. Дали креаторите мислеле на ова?
За овој уред, Глигоров и Поцков користеле деловите што ги купиле во странство, додека истиот веќе го донирале на здравствените установи во Свети Николе и Клиниката за инфективни болести во Скопје.
