Спасовски: 90 пратеници се доволни за држава како нашава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека неговата партија има јасна програмска определба за намалување на бројот на пратеници во Собранието, оценувајќи дека 90 пратеници се сосема доволни за држава со големината и бројот на жители каква што е Македонија.

„Ние имавме јасна програмска определба и сметам дека 90 пратеници се сосем доволни за држава како нашата, имајќи ја предвид големината, бројот на жители и други релевантни параметри“, истакна Спасовски.

Тој додаде дека секогаш постои можност да се отвори аргументирана дебата доколку се процени дека е потребен поголем број пратеници, но нагласи дека таквите ставови мора да бидат поткрепени со јасни и издржани аргументи.

„Треба да бидеме одговорни и максимално да го намалиме бројот на пратеници на едно задоволително ниво. Доколку некој смета дека е потребен поголем број, тогаш мора да понуди аргументација зошто тоа е така“, рече Спасовски.