Спасовски: Денеска македонското знаме гордо се виори пред седиштето на НАТО, бидете горди почитувани граѓани!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски, премиерот на техничката влада, истакна дека во овие тешки моменти за земјата кога се бори со коронавирусот, треба да се израдуаме на денешниот голем ден.

„Патот беше долг, но наградата што пристигна денеска, со подигнување на знамето пред седиштето, ја заслуживме. Бидете горди почитувани граѓани. Знамето на Република Северна Македонија е симбол за сигурна и проспиретнна иднина. Во моментов водиме битка со коронавирусот, но треба да се израдуваме на денешниот ден, ден за историја, ден кога нашето знаме се развиори заедно со другите членки. Во последните три години ги направивме клучните реформи, и наградата стигна заслужено. Нека ни е честито членството во НАТО“, рече Спасовски.