Специјалните сили на Македонија и САД одржаа заедничка обука

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Припадници на Батаљонот на специјалните сили на Северна Македонија и на Специјалните сили на САД одржаа заедничка обука од 14 јули до 12 август, со цел унапредување на подготвеноста и оперативните капацитети.

Според Министерството за одбрана, обуката опфатила заеднички активности и вежбовни сценарија, преку кои припадниците ги унапредиле тактиките, техниките и процедурите, како и размениле искуства во областа на специјалните операции.

„Ваквите активности претставуваат значаен придонес кон зајакнувањето на сојузничката соработка, размената на знаења и искуства“, се наведува во соопштението на Министерството.

Од Министерството истакнуваат дека ваквите обуки придонесуваат и за континуирано унапредување на капацитетите на специјалните сили за справување со современите безбедносни предизвици.