Сегашниот премиер и тогашен пратеник Оливер Спасовски, ќе треба прв да сведочи во случајот „организатори на крвавиот четврток“.
Спасовски треба да даде исказ во Судот како тогашен пратеник кој, како што вели обвинителството, побарал измена на точките во дневниот ред, со поддршка на 10 пратеници, но наместо тоа тогашниот спикер Трајко Вељаноски му дал збор на Зекири кој ја испеал албанската химна, што било иницијална каписла за упадот во Собранието.
Исказ ќе даде и Михаил Младеновски кој е дел од обвинетите за 27 април. Тој тогаш кажа дека тогашниот директор на УБК Атанасовски ги злоупотребил партиските здруженија за упадот во Собранието.
