Спасовски: Изборот е направен, Македонија продолжува во правиот пат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски на денешната прес конференција по вчерашните предвремени парламентарни избори истакна дека изборот е направен, а насоката е потврдена

„Изборот е направен, насоката е потврдена, Република Северна Македонија продолжува по правиот пат во сигурна и европска иднина“, порача Спасовски.

Тој упати честитки до сите граѓани кои го разбрале личниот дел од одговорноста и во услови на светска пандемија излегле на гласање, и го оствариле своето уставно право на глас.