Спасовски: Мотивот за киднапирањето на Вања е изнуда на пари од мајката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на прес-конференција кажа дека мотивот за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска се изнуда на пари.

Таткото на Вања бил вмешан во сево ова, вели Спасовски, и токму тој споделил информации со осомничените за движењето и излегувањето на Вања од влезот на зградата.

„МВР го расчисти случајот, откако се добија инфромациите, се спроведуваа доказите и беа пронајдени телата на двете лица. Разрешницата не не доведе до исходот кој го посакувавме сите ние, да ги пронајдеме живи, туку двете лица и малолетничката од Скопје и од Велес, беа пронајдени од полицијата убиени и закопани, првото во околината на Скопје, а второто во околината на Велес. Да изразам најдлабоко сочувство до семејствата за оваа огромна загуба. Ова го велам во свое име, во име на секој еден што учествувше и работеше во откривањето на ова злосторство, и во име на сите вработени во МВР.

По преземените мерки на службениците на СВР Скопје, не доведоа до сторителите на ова грозоморно убиство. Поточно во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три е веќе одредена мерка притвор, една е надвор од државата, а петтото лице, таткото на малолетничката, извршен е распит, и ќе се преземат мерки.

Како што веќе сте запознаени, мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор и со знаење, според првичните сознанија, на член на семејството, го организирал извршувањето на делото со цел да се изнудат пари од мајката, по што понатаму сите инволивирани би имале материјална корист.

Другата жртва, возрасното машко лице од Велес, кое немало никаква врска со малолетничката, но поради нерачстичени односи со еден од осомничените, неговото возило е одземено и употребено за извршување на кривичното дело, за потоа да биде опожарено. Со тоа возило е земена малолетничката во влезот од зградата во живеалиштето, откако претходно, според исказите на осомничнети, таткото споделил информации со осомничениот за излегувањето на малолетничката од дома. Главен организиратор и извршител кој со пиштол на 27.11 некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите до кои можела да дојде полицијата, на веќе започнатата исграга за тоа сторено кривично дело“, изјави Оливер Спасовски.