Спасовски не откри детали за акцијата во Арачиново – „Истрагата не треба да се одвива преку медиумите“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не откри детали како марихуаната завршила во скопско Арачиново.

Тој изјави дека се бара притвор за 8 – те приведени лица. Спасовски не одговори на неколку новинарски прашања, бидејќи рече дека моментално истрагата трае и дека  одговорите можат да ја поткопат истрагата.

Спасовски не откри како осомничените успеале да ја транспортираат марихуаната 137 километри без да бидат фатени.

Во текот на вчерашниот ден се приведени 6 лица, а денеска уште 2 се осомничени. Истрагата за целосно расчистување на случајот се уште трае.