Првиот човек на Владата Оливер Спасовски во дебатниот магазин „Click Plus“ откри дека не биле известени за тоа дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, како и членовите на кризниот штаб биле тестирани на коронавирус.
„Не знаевме дека имало тестирање на градоначалникот или членовите на штабот, никој за тоа не не извести. Доколку знаевме дека имало тестирање, сигурно дека немаше да се оствари таа средба“, потенцира Спасовски.
