Спасовски: Преку надоградба на системот со камери, ќе се става ред во сообраќајот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека во последните неколку месеци е сериозно воспоставен ред во контролата во сообраќајот. Тој на гостувањето објасни колку сообраќајни прекршоци се изречени, и за што се однесуваа тие.

Спасовски напомена дека со надоградба на системот со камери, ќе се врши уште поголема контрола, и ќе биде ставен ред во сообраќајот.

„Тој проект е наречен „безбеден град“ и тие камери немаат врска со сообраќајот. За тоа треба надоградба на тој систем, и тоа ќе го направиме преку јавна набавка, и инсталација на системот, кој ќе придонесе на еден современ начин и многу поефикасно да се справуваме со безбедноста на патиштата“, рече Спасовски.

Целата изјава низ видео: