Техничкиот премиер Оливер Спасовски, денеска одржа прес-конференција, веројатно последна како премиер на Владата, со оглед дека во сабота во собранието е закажана седница на која ќе се бира нова влада предводена од Зоран Заев.
Спасовски рече дека оваа техничка влада во изминатите девет месеци успешно се носела со предизвиците, особено здравствениот предизвик со пандемијата од Ковид-19.
„Преодната влада во заминување во изминатите девет месеци успешно одговори на специфичните предизвици, и отвори пат за новата влада да продолжи да ја води државата. Во изминатите месеци, Македонија стана членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговори со ЕУ. Секој нов ден е нов предизвик за заштита на јавното здравје од пандемијата. На почетоците требаше да се носат брзи одлуки за заштита на здравјето на граѓаните. Секој граѓанин затекнат во странство, имаше можност да се врати дома и покрај затворените граници. Тука е поддршката за граѓаните, за бизнисите, сетот економски мерки, домашни платежни картички и ваучери за домашен туризам“, изјави Спасовски.
