Спасовски: Приведени 17 лица во врска со пожарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на Facebook напиша дека дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму поради тоа мора да имаме посериозна одговорност.

– Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се 16 лица, имаме поднесено три кривични пријави и две прекршочни. Сè уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка ќе се поднесат соодветни поднесоци, напиша Спасовски.

Постапката, како што се наведува, се води во координација со Јавен обвинител и од таму се добиваат насоките во однос на квалификација на кривичното дело.