Спасовски: Сите млади синоќа беа на Водно, мораше да интервенира полицијата – апел до родителите за поголема свесност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Техничкиот премиер Оливер Спасовски информираше вчера по 18 часот откако се затворија речиси сите локали во Скопје, голем број отишле на Водно и таму продолжиле да се собираат. Додаде дека се вклучила и полицијата во разбивање на групите.

„Синоќа се случи се тоа што бесе ззтворено во градот, преминаа и отидоа сите заедно на Водно и мораше полицијата да оди и да интервенира. Апелирам сега и до родителите, не може да има одговорност ако родителите дозволуваат во една ваква кризна ситуација децата да бидат надвор и да бидат заедно. Со тоа не ги штитат ниту децата, ниту нас. Затоа апелирам до сите, да се почитуваат мерките“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Со одлука на Владата, сите локали треба да работат до 18 часот и да ги применуваат мерките за заштита и спречување од ширење на коронавирусот.