Спасовски: Ситуацијата под конрола, пациентката е третирана согласно сите препораки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Владата Оливер Спасовски на денешната прес конференција истакна дека ситуацијата е под контрола, а пациентката со коронавирус е третирана согласно сите препораки.

„Институциите се подготвени да реагираат веднаш. Апелирам граѓаните целосно да се придржуваат кон препораките на Министерството за здравство. Во овој момент е многу важно свеста кај сите да биде на високо ниво, посебно во однос на препораките, но и во однос на одговорното однесување“, посочи Спасовски.