Оливер Спасовски утрово гостуваше на „Утрински брифинг“ каде што кажа нови детали околу случајот Мијалков.
Иако има шпекулации во јавноста дека Мијалков нелегално ја напуштил земјата за кратко, па повторно се вратил, Спасовски демантира:
„Истрагата покажа дека во ниту еден момент Мијалков не ја напуштил државата. Цело време бил во Скопје.“, рече Спасовски кој што уште еднаш повторно дека се води истрага во Јавното обвинителство, при што назначен е јавен обвинител.
Министерот за врнатрешни работи рече дека вакви случаи покажуваат дека некои работи треба да се променат, како на пример кратење на рокот за распишување на потерница.
„Системот функционира кога сите заедно делуваме во одреден момент да се изврѓи притисок, веќе се разговараше за блокада на имот и така натаму. Ние треба да видиме кои се сегашните законски норми. И го предвидуваат патот како што оди сега. Барањето за потерница според закон, оди од јавното обвинителство до судот, потоа судот има право да одлучува 24 часа. Ако ова ни се случува, треба да размислиме дали овие рокови треба да бидат скратени. Во моментот кога се носи мерка притвор дали одма да распишеме потерница, и централна и меѓународна, без разлика дали лицето е тука или не“, вели Спасовски.
