Спасовски: Во Ранковце пожарот е локализиран и ставен под контрола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека во Ранковце пожарот е локализиран и ставен под контрола, а оттаму заедно со вицепремиерот Николовски и со македонската полиција се упатиле кон Старо Нагоричане каде што има активни пожари.

„Во текот на ноќта будно ќе ја следиме состојбата, државата ги мобилизира сите свои сили со кои располага за ставање на состојбата под контрола и целосно гасење на пожарите. Голема благодарност до граѓаните, пожарникарите, полицајците, ЈП Национални Шуми, градоначалниците на Ранковце, Крива Паланка, Пробиштип и Старо Нагоричане кои помогнаа во справувањето со состојбата“, пишува Спасовски.

Тој упати апел до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.