Спасовски: Законот за ЈО може да се донесе до распуштање на Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се уште сум оптимист дека ќе преовлада  разумот кај политичките субјекти и кај пратенците и сметам дека има простор да се изнајде решение и актуелниот парламентарен состав да го донесе законот за јавно обвинителство, посочи денеска премиерот Оливер Спасовски.

-Ако можеше овој парламентарен соствав да направи низа чекори и да влече многу храбри потези кои значеа гарантирање на остварувањето на националните заложби, тогаш не гледам причина зошто да не може да се издигне на нивото на задачата и да биде изгласан закон за јавно обвинителство и со тоа да дадеме уште еден позитивен аргумент пред Европскиот совет зошто треба да ги започнат преговорите за членство. Многу е важно да покажеме минимален национален консензус, а тоа значи минимум одговорност пред граѓаните затоа што се наоѓаме во фаза на остварување на нашите национални интереси – членството во НАТО и почетокот на преговори со Европската Унија. Би било крајно неодговорно пред граѓаните од кого било да наоѓа изговори кои се поткрепа на лични, партиски и бизнис интереси визави интересите на граѓаните, рече Спасовски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.