„Спасување од лавина“ – Вежба за спасување туристи и скијачи на Попова Шапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овие луѓе не се во реална опасност, туку тоа е само импровизација за спасување на заробени или повредени на Попова Шапка

„Ние  како Управа често имаме повици и барања за спасување  граѓани. Пред еден месец имавме такво барање, каде што неколку планинари, од кои еден беше повреден над селото Вешала и интервенираа наши екипи. Денеска спроведуваме обука наречена „Спасување од лавина 2022“ каде заедно со Црвениот крст и некои други институции импровизираме како да интервенираме во вакви случаи, кога паѓа снег, кога врне дожд, кога има други несоодветни атмосферски услови и како нудиме помош во овие случаи“, вели Беким Максути.

За време на викендите на Попова Шапка секогаш има екипа на Брза помош која е во готовност, а најчесто им пружа помош на повредените скијачи.

„Ние како тим правиме теренски интервенции кои се случуваат на Попова Шапка и како и обично ги мобилизираме и ги транспортираме до Клиничката болница во Тетово. Оваа година имавме голем број интервенции на терен и можеме да изброиме 7 или 8 случаи за еден викенд“, истакна Бесник Мустафаи

Вежбата наречена „Спасување од лавина 2022“ ја организираше Дирекцијата за заштита и спасување, а во неа учествуваа припадници на Армијата на Северна Македонија, тетовската полиција, Црвениот крст и Брзата помош од Тетово. Спасувачки екипи имало и од Прилеп и Битола.

И годинава скијачи и туристи се изгубија на Попова Шапка, тоа почесто се случува на Шар Планина, особено кога времето е магливо и со снег.