Во Барселона денеска се одигра едно од најспектакуларните натпревари на големото дерби „Ел Класико“, кое го доби домашниот тим со 4-3, и така избега на својот голем ривал на седум бодови, со што се доближи до титулата во Шпанија.
На „Монжуик“ Барселона имаше негатива од 0-2 во 14. минута со двата гола на Мбапе, а потоа на сцена стапија „Каталонците“ кои до полувремето дадоа неверојатни четири гола и го свртеа резултатот во своја корист.
Најпрво Ерик Гарсија намали, Јамал израмни во 32. минута. Само две минути подоцна Рафиња донесе предност, а во 45. минута истиот фудбалер зголеми и на 4-2.
Во вториот дел Мбапе комплетираше хет-трик и намали на 4-3. Возбудувањата продолжија, Реал Мадрид не реализираше чист зицер, а потоа имаше и поништен гол, додека на Барселона исто така и беше поништен гол, но на крајот успеаја да го добијат овој натпревар за голема радост на нивните навивачи.
Ова беше последниот натпервар на клупата на Реал Мадрид за Карло Анчелоти, кој заминува од клупата и најверојатно ќе седне на клупата на Бразил, а на негово место доаѓа Џаби Алонсо од Баер Леверкузен.
