Список на фудбалери за Украина и Ерменија – Милевски: Ќе биде отворен натпревар, само победа ни одговара

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина во Прага и контролниот меч против Ерменија во Струмица.

Благоја Милевски за овие натпревари нема да смета на напаѓачите Илија Несторовски и Доријан Бабунски , туку на нивните места ќе бидат Ваљон Етеми и Дарко Чурлинов. Милевски рече дека очекува отворен натпревар со Украина.