Ваучерот од 6000 денари за купување домашни производи стана неостварена предновогодишна желба за граѓаните. Откако вчера директорката на УЈП најави дека Управата до крајот на оваа недела треба да достави прочистен список до Генералниот секретаријат на Владата за тоа кои граѓани треба да ги добијат ваучерите, дел од засегнатите, денеска реагираат.
„Не сум проверила, не …15 илјади имам за сто денари не ме фаќа..Како гледате на оваа мерка, позитивно, негативно? Негативно , ако има за сите нека има, ако не, за никој“
За дел од граѓаните, корисници на пензија, владина помош не е потребна.
„Не,не, јас сум пензионер. Имаме пензија и си тераме, по тоа добро е“
„Немам таква работа,пензионер сум, има доволно и не ме ни интересира тоа.“
Пензионерите задоволни, но незадоволството кај социјалната категорија е големо. И со ваквите Владини мерки тие не гледаат надеж за подобар живот .
„Не знам дали сум или не сум. Ве интересира да проверите? Па ме интересира, али немам надеж, веќе волја ни за живеење .Од оваа пандемијава исплашени скроз. Јас сум земал пред тоа, сега не знам дали ќе ни дадат или нема да ни дадат. Ние сме социјална помош. Ако ни дадат добро ќе биде, ако не пак ќе си живееме ние … Можеш за еден ден да ги користиш тие ваучери, туку што, една недела ќе поминеш со тие и после што ќе прајме, пак исто,пак мора да работиш. Нека земаат тие што работат во Собранието по 6000, да видиме колку ќе поминат“.
Од УЈП вчера стаса веста , дека се додека не се прочисти, списокот не може да биде објавен. Премиерот Заев денеска со вест
„Овие денови исплатата е веќе тргната, државата ги прави исплатите кон банките а сите банки соодветно каде има регистрирано трансакциска сметка на корисниците на овие пари ќе им бидат исплатени“, рече Заев.
Рокот за објавување на листите и оној кога граѓаните треба да ги искористат парите е краток. Се наметнува и прашањето дали деновите кои ќе им бидат на располагање на граѓаните за трошење на државната помош нема да донесе нови турканици по продавниците и тоа во услови на Корона пандемија. Додека се комплетира списокот, од Владата напоменуваат дека процедурата за тоа во кои продавници ќе се трошат ваучерите сега е олеснета. Со последната измена од Законот за финансиска поддршка нема да има повик а со самото тоа и давателите на македонски производи и услуги немаат обврска да се пријавуваат на листата, велат од Владата. Додаваат дека со Ваучер од 6000 денари граѓаните ќе можат да купуваат во секоја продавница. Од министерството за финансии побаравме но не успеавме да добиеме одговор што ќе биде со парите доколку граѓаните не успеат да ги искористат до законски предвидениот рок. Неофицијално никој на граѓаните нема да им ги земе неискористените пари и после овој датум. Околу 27 милиони евра државни пари ќе бидат вбризгани како помош за граѓаните. Мерката ги опфаќа лицата со низок приход, пензионерите кои имаат до 15.000 пензија, млади лица од 16 до 29 години,самохрани родители и сл. Парите кои ќе ги добијат треба да ги потрошат до 25 годинава.
