Спојување на историја и географија, што велат стручните лица? Што ќе се случи со актуелните наставници по овие предмети?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за образование и наука Мила Царовска неодамна го претстави новиот концепт за образовниот систем каде историја повеќе нема да се изучува како засебен предмет туку како дел од општествените науки.

Имено, по предлогот за нoвиот концепт со кој што предметите историја и географија повеќе нема да се изучуваат посебно, туку ќе бидат споени во еден предмет општествени науки, се отворија нови прашања за тоа што велат стручните лица и што ќе се случи со актуелните наставници по овие предмети?

Токму на оваа тема се разговараше и вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 каде гости беа професорите Лена Дамовска и Кирил Барбареев, Ајше Ајрулаи од Бирото за развој на образование и добитничката на глобалната награда за едукација Сандра Грујевска.

Во продолжение слушнете какво е нивното мислење: