Според Пендаровски, Вархеји е лошо разбран , „Има можност за одвојување, ако Бугарија не го укине ветото со години“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изјавата на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, дека Македонија и Албанија ќе се одделат во процесите за членство во ЕУ е лошо протолкувана, вели претседателот на државава, Стево Пендаровски. Тој појаснува дека Вархеи оваа можност ја предвидел доколку Бугарија со години ја блокира земјава како што направи Грција.


„Toj зборува како потенцијална можност во случај ако нашиот спор со Бугарија се одолговлекува со години и години слично со спорот што го имавме со република Грција. Ве уверувам дека во мојот разговор со него и во моите разговори во Брисел пред 10-тина дена апсолутно ниту на едно ниво, ниту еден мој соговорник не ми беше поставено ова прашање за тоа што мислиме за евентуална разделба од Република Албанија. Сите буквлано сите и во советот и во комисијата и во оделените департменти особено тој за проширување не размислуваат за раздвојување туки сите напори сите сили се фокурсирани до крајот на ова година да се оддржи првата меѓувладина конференција“, посочи претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.


Како и Северна Македонија, така и Грузија очекува членство во ЕУ. Претседателката на Грузија во службена посета на Грузија со Пендаровски изјави дека малите држави се оптимисти и треба да бидат упорни на овој пат.


„Ние научивме дека треба да сте упорни и тврдоглави, треба да знаете во кој правец се движите. За Грузија постигнувањето на Северна Македонија да стане членка на НАТО е успех и голем сигнал дека рацете на НАТО се навистина отворени. Ова нам ни влева оптимизам. И почетокот на преговорите со ЕУ е сигнал бидејќи тоа е заедничка перспектива“, истакна претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили.


Дека треба да бидеме упорни и тврдоглави за влез во ЕУ се согласи и претседателот Пендаровски.


“Да, добро рече, треба да бидеме упорни и тврдоглави“, додаде тој.