Според Заев, 3 држави требаше да ни помогнат – вакцини не стигнаа ниту од Грција, ниту од Бугарија, ниту од Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем дел од граѓаните од соседните држави се подготвуваат за втората доза од анти ковид вакцината, додека во  Северна Македонија не се знае кога ќе пристигнат првите вакцини. Заев во три наврати соопштуваше дека три држави ќе помогнат со вакцините. Прва беше Грција, потоа Бугарија и Србија.

„После одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија”, посочи Заев.

И како што беше најавено дека денеска ќе пристигнат вакцините од Србија на граничниот премин Табановце, сепак доцна синоќа, нешто пред полноќ беше соопштено дека поради технички проблеми вакцините нема да стигнат ниту денеска.

Инаку во понеделникот МЗ потпиша договор за набавка на 200 илјади вакцини против Ковид 19 од кинеската фармацевтска компанија Синофарм кои се очекува да пристигнат на скопскиот аеродром во текот на месецов.

Во меѓувреме министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук напиша дека сите држави на ЕУ се соочуваат со недостиг од вакцината. Инаку на веб страницата за вакцинација се пријавиле приближно 24 илјади граѓани.