Србија ги затвори границите за патници кои доаѓаат од најпогодените подрачја со коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српската влада воведе привремена забрана за влез во Србија за странски државјани кои доаѓаат од области со интензивно пренесување на коронавирус. Ова се однесува на лица кои престојувале во Италија, одредени провинции на Република Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија.

Владата на Србија на денешната седница донесе дополнителни мерки за спречување на ширење и контрола на заразна болест Ковид-19, според препораките на епидемиолозите и во согласност со препораките на Светската здравствена организација.

Воведена е привремена забрана за влез во Србија за странски државјани кои доаѓаат од области со интензивно пренесување на коронавирус.

Ова се однесува на лица кои престојувале во Италија, одредени провинции на Република Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија.

Исто така, воведена е препорака за строго почитување на забраната за патување на вработените во здравствениот и социјалниот систем во Република Србија во земји со интензивни фокуси на пренесување Ковид-19 и епидемиски фокуси